Дома Фудбал Репрезентации Горецка застана во одбрана Лев: За поразот од Македонија виновни сме само ние играчите

Горецка застана во одбрана Лев: За поразот од Македонија виновни сме само ние играчите

Леон Горецка вчера го постигна победничкиот гол за Баерн на гости кај Лајпциг.

Со овој триумф Баерн направи чекор напред во трката за титулата и сега се во пол-позиција. После натпреварот новинарите не пропуштија да го прашаат Горецка и за поразот од Македонија во средата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Горецка застана во одбрана на селекторот Јоаким Лев и порача дека тие како играчи се виновниците.

„Виновни сме ние играчите и никој друг. Првите две победи донесоа еуфорија и во тој момент како да помисливме дека се е завршено во оваа група…Мораме да го поддржиме нашиот селектор и да се обидеме да се вратиме на победите во наредните натпревари“, изјави Горецка.

По поразот германската јавност е поделена, дел бара смена на Лев веднаш пред почетокот на Европското првенство, а дел смета дека таков „шок“ нема да биде добар за репрезентативците.

Ќе потсетиме уште претходно беше објавено дека Јоаким Лев ќе си замине од селекторската функција на Германија после Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…