Луд натпревар во Турција полн со пресврти го одбележа 5. коло во Лигата на шампионите.
По само 18 минути гостите водеа со 2:0 со головите на Гарначо и Бруно Фернандеш и се чинеше дека одат кон сигурна победа. Но, тогаш на сцена стапија Андре Онана и Хаким Зиех.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, има мала дамка на одличниот кам-бек на Галатасарај. Анализата на BeIN Sports утврди дека голот на Зијех не е регуларен затоа што неговиот соиграч Мауро Икарди ги прекршил правилата на фудбалската игра.
Имено, додека Мароканецот изведуваше слободен удар, Италијанецот беше на само 61 сантиметар од играчот на Јунајтед, Расмус Хојлунд, кој стоеше во живиот ѕид, кога шутираше. Тоа е спротивно на правилата на фудбалската игра.
„Кога се изведува слободен удар, ако играчот на напаѓачката екипа е на помалку од 1 метар од „ѕидот“ составен од тројца или повеќе играчи на одбранбениот тим, се доделува индиректен слободен удар“. Сепак, судијата Хозе Санчез не реагираше, ниту неговите помошници од ВАР.
If three or more defending players form a wall… all attacking players must remain at least one metre from the wall until the ball is in play.
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) November 29, 2023
GALATASARAY'S GOAL SHOULD NOT HAVE STOOD! #beINUCL #MUFC pic.twitter.com/Wj4wJjz03r
ТУКА можете да го погледнете видеото.