Дома Фудбал Останато Голманот на Шапекоенсе прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016!

Голманот на Шапекоенсе прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016!

Голманот на Шапекоенсе, Данило, кој трагично ги загуби животот во авионска несреќа постхумно беше прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016 година.

Пред големата трагедија Данило беше клучниот играч на Шапекоенсе во походот кон финалето од Копа Судамерикана, бидејќи со одличните интервенции во полуфианлето и тоа во 90-та минута го однесе својот тим во финале, кое за жал никогаш не се одигра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Наградата ја прими неговата мајка, Илаидес Падиља на свечена церемонија која се одржа во Рио де Женеиро.

„Во име на Шапекоенсе се заблагодарувам на сите за наколонетоста и упатените молитви. Нека идните фудбалери кои ќе дојдат да играат за овој тим бидат како оние кои не напуштија“, изјави мајката на Данило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја одредил цената на Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот ист…