Како што пренесуваат англиските медиуми, Маурисио Покетино подготвува голема реконструкција во редовите на Тотенхем.
Имено, голем број на играчи би можело да го напуштат Тотенхем на лето, меѓу нив се и голем број првотимци. Во клубот очигледно не се задоволни од резултатите, трофеите упорно му се потсмеваат на Тотенхем, до крајот на тековната сезона ќе се бори и за позицијата која води во Лигата на Шампионите, иако до неодамна беа убедливо на третото место на табелата.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во претходните два трансфер периоди не купуваа, бидејќи големи пари инвестираа во новиот стадион, кој официјално беше отворен на 3. април во натпреварот против Кристал Палас во рамките на Премиер лигата. Изгледа дека клубот реши што побрзо да ги наполни витрините на новиот стадион со трофеи, па на лето ќе се обиде да направи екипа подготвена за такво нешто.
Сакаат да соберат што е можно повеќе пари од продажба на играчи, па дури 12 фудбалери би можело да го напуштат клубот. Листата ја предводи десниот бек на репрезентацијата на Англија, Киеран Трипие, пренесува „Standard“. Тоа навистина е изненадувачки податок, бидејќи Трипие во претходниот период стана еден од најважните и најстандардните играчи во клубот.
Тотенхем ќе ги разгледа понудите и за десниот бек, Серж Орие, а план е на неговото место да го доведе талентираниот фудбалер на Кристал Палас, Ерон Ван Бисак. Клубот најверојатно ќе го напушти Тоби Алдервилд, додека управата е подготвена да ги слушне и понудите за Дени Роус, па јасно е дека Тотенхем сака целосно да ја реконструира одбраната.
Наводно и Јан Вертонген би можело да си оди, како неговиот сонародник Алдервилд, бидејќи на лето влегува во последната година од договорот, додека екипата најверојатно ќе ја напуштат играчи од ротација како Винсен Јансен, Фернандо Љоренте и Жорж-Кевин Нкуда.
„Петлите“ ќе ги разгелдаат понудите и за Ерик Ламела, Виктор Вањама и Муса Сисоко, додека останува да се види каква ќе биде судбината на еден од најдобрите играчи во клубот, Кристиан Ериксен, кој исто така влегува во последната година од актуелниот договор. За Данецот е заинтересиран Реал Мадрид, управата се обидува да ја продолжи соработакта со поранешниот фудбалер на Ајакс, но за сега немаше значителни напредоци во преговорите.
Се разбира, од нив не се очекува да ги продадат сите 12 играчи, се претпоставува дека ќе се обидат по секоја цена да го задржат Ериксен, но доколку преговорите околу нова соработка не одат по добра насока, можеби и данскиот репрезентативец да ја промени средината.
Освен споменатиот Ван Висак, на радарот на клубот е и Андре Гомеш од Барселона, кој во моментов игра на позајмица во Евертон, имаше шпекулации дека би можеле да доведат и квалитетен голман, кој би претставувал адекватна конкуренција за Лорис, на радарот на клубот е играч за врска од Наполи.