Дома Трансфер зона Големата ѕвезда од Бундес лигата не сака во Баерн

Големата ѕвезда од Бундес лигата не сака во Баерн

Велат дека врв на бундеслигашката кариера за секој фудбалер, особено за Германците е кога големиот Баерн Минхен ќе ви тропне на врата и ќе сака да ве донесе на „Алијанц Арената“.

Иако се ретко, сепак постојат и фудбалери кои се спремни да ги одбијат Баварците. Еден таков е Марко Ројс, дете и икона на Борусија Дортмунд.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Од 2012 година па до денес Баерн се обидуваше да го доведе Ројс во неколку наврати, сепак неуспшно, иако во тој период од Дортмунд ги купи Геце, Левандовски и Хумелс.

Баерн го посакуваше Ројс уште додека играше за Борусија Мехенгадбах, но и тогаш крилниот напаѓач ги одби Баварците и се реши да премине во својот матичен клув, Борусија Дортмунд.

Со Дортмунд успеа да го победи Баерн во траката за титулата во Бундес лигата, го освои Купот, а токму против Баварците загуби во финалето од Лигата на шампиони.

За сега Ројс не дозволи милионите да ја прекинат љубовта меѓу него и Борусија Дортмунд, но едно е јасно – кога ќе го напушти клубот сигурно нема да премине во Баерн Минхен, туку во некој друг европски гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и Сити во битка за голем шпански талент

22-годишниот Габри Веига важи за еден од најголемите шпански таленти, а минатото лето шоки…