Дома Фудбал Германија Ги прескокна „Топчиите“, па следното лето се сели на „Алијанц Арена“

Ги прескокна „Топчиите“, па следното лето се сели на „Алијанц Арена“

Како што пренесуваат германските медиуми, Баерн ги заврши преговорите со фудбалерот на Бордо, Малком.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилецот со своите партии во дресот на Бордо оваа сезона го привлече вниманието кон себе од многу големи клубови, во јануари беше на работ да премине во Арсенал, но се’ се промени кога „Топчиите“ ја имаа можноста да го ангажираат Обамејанг.

На крајот Габонецот пристигна во Северен Лондон, а Малком остана во француската лига, но се е појасно дека средината ќе ја промени следното лето.

Управата на Баварците тука ја виде својата шанса, му понудија на Малком петгодишен договор, но се уште не постигнаа договор со Бордо кој и натаму бара 60 милиони евра за услугите на својот најдобар фудбалер.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите, но Баерн на крајот го добива она што го посакува, така што од следната сезона е можно во дресот на екипата од „Алијанц Арена“ да го видиме и талентираниот Малком.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Комо избори место во ЛШ, па Фабрегас веднаш му се јави на Перез

Фудбалерите на Комо на неверојатен начин се пласираа во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што …