Дома Фудбал Репрезентации Германија и Шпанија финалисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година

Германија и Шпанија финалисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година

Фудбалската репрезентација на Германија е првиот финалист на Европското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Полска.

Во првото полуфинале вечерва Германија по изведување на пенали ја совлада Англија со 4:3 откако по продолжението и регуларниот дел беше 2:2. Во решавачката петта серија голманот на Германија Јулијан Полерсбек го одбрани ударот од белата точка на Нејтан Редмонд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германија поведе во 35.минута со голот на Дејви Зелке, а шест минути подоцна изедначи Демарај Греј. Англија на почетокот на вториот дел (50.минута) поведе со голот на Тами Абрахам, а изедначи на 2:2 Феликс Плате.

При изведувањето на пеналите, голманот на Германија Плерсбек одбрани два пенала, а голманот на Англија Џордан Пикфорд еден.

Репрезентацијата на Шпанија е вториот финалист на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако синоќа во Краков, во второто полуфинале ја совлада Италија со 3:1.

Јунак во триумфот на Шпанците беше Саул Нигез со постигнат „хет-трик“ (53. 65. и 74.минута). Единствениот погодок за Италија е дело на Бернадески во 62.минута за во тој момент изедначување на резултатот.

На ЕП 2017 што се одржува во Полска, пред Саул, три погодоци на еден натпревар постигна и Марко Асенсио и тоа на дуелот со Македонија во 1.коло од групната фаза.

Воедно, фудбалерот на Атлетико Мадрид е трет во историјата на шпанската репрезентација со „хет-трик“ на едно ЕП за млади фудбалери. Пред четири години такво достигнување имаше и Тијаго.

Финалниот меч е закажан за петок (30 јуни) во Краков со почеток во 20 часот и 45 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…