Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Германија и Србија си заминаа, а во една статистичка категорија се – лидери!

Германија и Србија си заминаа, а во една статистичка категорија се – лидери!

Во првиот ден од почетокот на Мундијалот кога нема натпревари статистичарите имаа простор и да дојдат до интересни детали.

Сега луѓето задолжени за таа работа пресметаа која репрезентација претрчала најмногу во досегашниот тек на Мундијалот.
Интересно е што лидери во оваа статистичка категорија се селекциите кои беа елиминирани.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Прва е селекцијата на Србија со претрчани 113 километри, потоа со еден километар следи селекцијата на Германија, зад нив следуваат Египет и Данска со 109 километри.

Најмалку на Мундијалот трчале Јапонците, само 96 километри, но за разлика од горенаведените (освен Данска) успеаа да се пласираат во осминафиналето.
Лидерот во овој статистички податок Србија против Костарика во првиот натпревар претрчала 109 километри, во вторито 116, а против Бразил 114 километри.

Интересно е што во првите десет репрезентации кои се на врвот, дури 7 не обезбедија место во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…