Од заминувањето на Александар Коларов, Манчестер Сити константно има проблеми со левата бековска позиција.
Се чинеше дека Бенџамин Менди ќе биде долгорочно решение на таа позиција. „Граѓаните“ минатото лето за неговиот трансфер од Монако платија 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Менди првата сезона ја пропушти поради повреда, а оваа сезона не пружа добри партии и не ги задоволи апетитите на Гвардиола.
Наводно Гвардиола веќе дал зелено светло за негова продажба и следното лето сака да донесе долгорочно решение на таа позиција.
Првата мета е играчот на Барселона, Жорди Алба кој се уште не го продолжил договорот со Каталонците, а на списокот е и Алекс Сандро од Јувентус.