Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Халанд не може сам да ја освои Лигата на шампиони

Гвардиола: Халанд не може сам да ја освои Лигата на шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим е значително поквалитетен со напаѓач како Ерлинг Халанд.

Меѓутоа, Пеп потецираше дека Халанд не може сам да ја освои Лигата на шампиони.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Норвежанецот досега настапи на 19 натпревари во Лигата на шампионите како играч на Салцбург и Борусија Дортмун и има постигнато 23 гола.

„Сите играчи со кои клубот реши да потпише оваа сезона дојдоа во обид да не направат подобри, бидејќи спротивното не е логично. Дали ова ќе ни помогне да ја освоиме титулата во ЛШ? Не знам. Секогаш имам верба, но ако се потпреме само на Ерлинг, нема да ја освоиме Лигата на шампионите. Она што треба да го направиме е да играме добро, да создаваме шанси за да му помогнеме да постигне гол и се надевам дека ќе го направиме тоа“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити вечерва и гостува на Севиља во првиот натпревар од групната фаза од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…