Дома Фудбал Англија Гвардиола: Тоа е добро, а нормално дека Клоп нема да се согласи

Гвардиола: Тоа е добро, а нормално дека Клоп нема да се согласи

Манчестер Сити вчера во големото дерби во ПЛ го совлада Ливерпул со резултат 2:1 и се доближи на 4 бода разлика.

Сити подобро го отвори натпреварот, доминираше во поголемиот дел, а мрежата на гостите ја погодија Агуеро и Сане.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За нас секој натпревар е финале и знаевме дека битката за титулата ќе заврши ако не победиме. Победивме и одигравме без грешка од првата до последната минута.“ – изјави тренерот на Сити, Пеп.

Истакна дека првенството во Англија одамна не било поинтересно, па победата на Сити може да ги израдува сите фудбалски љубители.

„Не се сеќавам дека било некогаш потешко. Има многу добри екипи. Јунајтед се врати, Тотенхем го почитувам, а нормално тука се Челси и Арсенал. Мислам дека овој резултат е одличен за Премиер лигата, но Клоп нормално нема да се согласи со тоа.“ – додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…