Дома Фудбал Англија Гвардиола: Сакам Меси да ја заврши кариерата во Барселона

Гвардиола: Сакам Меси да ја заврши кариерата во Барселона

Во изминатите неколку дена се појави вест дека Меси поради незадоволство може да ја напушти Барселона.

Најголемата ѕвезда во историјата на Каталонија наводно е незадоволна од тоа како работи управата на Барселона. Помеѓу клубовите кои се споменуваа како негова потенцијална дестинација е и Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пеп Гвардиола беше запрашан да даде свој коментар на оваа тема.

„Нема да зборувам за играчите кои играат во други клубови. Мислам дека тој ќе ја заврши кариерата во Барселона. Тоа е моја желба“, изјави Пеп.

Во времето кога соработуваа Меси беше најдобар фудбалер, додека Гвардиола најдобар тренер. Заедно освоија две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриени детали од расправијата на Роналдо со Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Англискиот тренер Стив Мекларен откри дека Кристијано Роналдо, со одбивањето да ги следи п…