Дома Трансфер зона Гвардиола призна дека бара наследник на Агуеро

Гвардиола призна дека бара наследник на Агуеро

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека клубот веќе ја започнал потрагата по наследник на Серхио Агуеро.

Договорот на Аргентинецот истекува во 2021 година и нема да биде изненадување ако тој уште ова лето го напушти Манчестер Сити, а на „Етихад“ да пристигне нов напаѓач.

„Потрагата на напаѓач е многу специфичен процес. Не е лесно да најдеш добар напаѓач бидејќи сите големи клубови бараат, а тие кои имаат не ги даваат. Кога Серхио е здрав, тој може да прави се на теренот. Во клубот имаме одлична скаутинг служба, која често разговара со мене и ми покажува видео материјали на напаѓачи од различни држави. Имаме доволно време за да најдеме напаѓач кој ќе може да го наследи Серхио“, потврди Гвардиола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер плаќа богатство за младата ѕвезда од Бундеслигата

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европск…