Дома Фудбал Англија Гвардиола: Потрошивме пари за Грилиш, а и тој ќе ја носи „10-ката“ мислев дека Лео ќе остане 🎥

Гвардиола: Потрошивме пари за Грилиш, а и тој ќе ја носи „10-ката“ мислев дека Лео ќе остане 🎥

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција зборуваше и за потенцијалното доведување на Кејн и Меси.

Откако Кејн не се појави на тренингот на Тотенхем и откако Барселона објави дека Меси заминува започнаа најави дека и двајцата можат да завршат во Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола ја отфрли можноста за доведување на Меси.

„Потрошивме пари на Грилиш и тој ќе ја носи „10-ката“. Мислев дека Лео ќе остане. Сега не е во нашите планови“, изјави Гвардиола.

Кејн?

„Тој е играч на Тотенхем и ако Тотенхем не сака да преговара тука приказната завршува. Ако сакаат да преговараат многу клубови би сакале да го доведат. Ние не сме исклучок. Заинтересирани и сигурно дека би се обиделе“, истакна Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…