Дома Топ вести Гвардиола подготви ГОЛЕМО изненадување за јануарскиот трансфер период

Гвардиола подготви ГОЛЕМО изненадување за јануарскиот трансфер период

Манчестер Сити оваа сезона игра фантастично, екипата на Гвардиола во Премиер лигата се уште не запиша ниту еден пораз и убедливо го чуваат првото место со дури 11 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, изгледа дека шпанскиот стратег се уште не е задоволен од играчите кои ги има на располагање и се повеќе се шпекулира дека „Граѓаните“ повторно ќе бидат активни на пазарот. На метата на Сити се наоѓа Алексис Санчез, но Гвардиола сака да го засили средниот ред.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според пишувањето на англиските медиуми, Гвардиола сака на првото место во јануари да биде Серхио Бускетс, кој со сите сили ќе се обиде да го доведе играчот на Барса на „Етихад“. Токму Гвардиола е најзаслужен за тоа што Бускетс се избори за минути на „Камп Ноу“ и очигледно дека сака повторно да се соработува со 29-годишниот играч за врска.

Гвардиола на распоалгање ги има Јаја Туре, Илкај Гундоган и Фернандињо, но не е премногу задоволен со тој избор. Туре е блиску до заминување, а Гундоган често има проблем со повредите. Јасно е дека доаѓањето на Бускетс би ја засилило конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…