Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, тврдат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Граѓаните“ беа доста активни на трансфер пазарот во текот на летото и ги доведоа Ерлинг Халанд, Јулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомез. Меѓутоа, во исто време, тие направија значителни продажби како Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и Олександр Зинченко.
Имено, Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето, а во меѓувреме, клубот заработи околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.
Според сите пресметки, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во јануари.
Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао, за кого е спремен да понуди 100 милиони евра.