Tренерите на Манчестер Сити и Тотенхем Пеп Гвардиола и Антонио Конте имаа вербален конфликт преку медиумите и друштвените мрежи.




Тотенхем го совлада Манчестер Сити на „Етихад“ со 3:2. Екипата на Антонио Конте практично создаде четири или пет прилики, а постигна три гола, додека еден гол им беше поништен и на тој начин го совлада Манчестер Сити кој немаше решение.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кејн одлично се извлече на центарот, го пронајде Сон кој ги стави на маки Рубен Дијас и Емерик Лапорта. И покрај грешките на голот на Тотенхем во одредени моменти блескаше Лорис.




Пеп Гвардиола после мечот констатираше дека Тотенхем победил благодарение на „длабоката“ одбрана и играта на контри. Конте одлучи да му одговори и на Инстаграм објави снимка од головите на неговиот тим со коментар: Контранапади? Можеби и не.