Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенџамин Павард сака да го напушти клубот во летниот трансфер период.
24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, но одби да го продолжи договорот, па најверојатно ќе ја промени средината ова лето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Интерес за Французинот покажуваат неколку европски клубови, а фаворит е Манчестер Сити, кој веќе почнал преговори со агентот.
После заминувањето на Вокер, Гвардиола го сака Павард како идеално засилување за десната бековска позиција.