Манчестер сити беше подобар од Севиља во УЕФА Суперкупот и така Пеп Гвардиола (52) стигна до 36 трофеј во неговата тренерска кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По овој успех, шпанскиот менаџер го надмина Романецот Мирчеа Луческу (78) кој освои 35 трофеи. Останува да се види дали Гвардиола ќе биде и рекордер, пред него е само прославениот шкотски тренер Алекс Фергусон (81) со 49 титули.
За „граѓаните“, актуелните европски шампиони, ова беше само прва титула во УЕФА Суперкупот, а дури четврта за Гвардиола, двапати со Барселона и по еднаш со Баерн Минхен и Манчестер сити.
Толку има и Италијанецот Карло Анчелоти кој по двапати го освојуваше европскиот Суперкуп со Милан и Реал Мадрид.