Легендата на италијанскиот фудбал Џенаро Гатузо откри дека имал можност да заигра за трофејниот аргентински клуб, Бока Јуниорс во 2012 година, но неговата сопруга го блокирала трансферот.
Гатузо тогаш после цели 13 години го напушти Милан како слободен агент и имал конкрентна можноста да потпише за Бока Јуниорс, но неговата сопруга не му дозволила да се пресели во Аргентина.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Бев близу да потпишам во Бока во 2012 година, но мојата сопруга се прашува кај нас дома и не ме пушти да одам. Нашите деца тогаш беа мали, па не беше вистинско време за таков потег“, откри Гатузо.
„Не е тајна дека отсекогаш и се воодушевував на Бока. Бев доволно среќен да играм против нив и да го освојам Интерконтиненталниот куп“, додаде актуелниот тренер на Наполи.