Американскиот милијардер Тод Боли го презеде Челзи во мај оваа година, откако Роман Абрамович беше принуден да го продаде клубот поради британските санкции.




Боли е и косопственик на американскиот бејзбол тим Лос Анџелес Доџерс, швајцарскиот мултимилијардер Хансјорг Вајс и американскиот бизнисмен Марк Волтер.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Боли сега сака да стави под иста „капа“ повеќе фудбалски клубови и со тоа да го започне проектот за обнова на Челзи по моделот на Манчестер Сити.




Англиските медиуми тврдат дека самиот Боли потврдил дека негова желба е португалскиот прволигаш Портимоненсе, а веќе оваа недела ќе има состаноци за преземање на тој клуб.