Дома Фудбал Лига на шампиони Вчера учествуваше во епскиот триумф, а од утре се враќа на школските клупи

Вчера учествуваше во епскиот триумф, а од утре се враќа на школските клупи

Манчестер Јунајтед вчера прослави епска победа против Пари Сен Жермен со која обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Поради проблемите со големиот број повредени играчи Солскјер беше во ситуација да се снаоѓа како знае, па во една таква ситуација место во тимот на Јунајтед имаше за 17 годишниот Мејсон Гринвуд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гринвуд вчера си го оствари сонот и дебитираше за Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и тоа во натпревар за фудбалските анали кој никогаш нема да биде заборавен.

Неделата која изминува е навистина неверојатна за Гринвуд.

Започна и како секоја друга со школските обврски и тренинзите, а потоа во вторник дојде повикот и патувањето со тимот во франуската престолнина.

Не само што доби повик Солскјер вчера во ситуација кога на Манчестер Јунајтед му беше потребен гол во 87-тата минута го испрати на теренот на местото на Ешли Јанг. Поради прекинот и прегледувањето на ВАР снимката Гринвуд на тревникот во Париз помина десетина минута.

На крајот кога судијата отсвири крај можеше да се радува на големиот успех и испиша една убава приказна на стартот на својата кариера.

„Неверојатно! Дебитирав за Манчестер Јунајтед во ноќ за паметење. Ова е остварување на сонот, не само мојот туку и на моето семејство“, изјави импресионираниот Гринвуд после натпреварот.

Денес тој ќе добие одмор од училишните обврски, а веќе утре ќе треба да се врати на школските клупи. Не се сомневаме дека ќе биде главна ѕвезда.

https://www.facebook.com/ManUtd.True.Red.Devils/photos/a.303359524278/10156736162334279/?type=3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…