Кристиано Роналдо во денешниот натпревар во кој Јувентус одигра реми (1:1) со Џенова постави нов рекорд.
Роналдо одигра добар натпревар против Џенова, а после неколку пропуштени прилики го доведе Јувентус во водство во 18-тата минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со овој гол Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал 400 погодоци во најсилните пет првенства.
Португалецот носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед постигна 84 погодоци во Премиер лигата, за Реал Мадрид постигна 311 во Ла Лига, а денешниот гол му беше петти за Јувентус со што стигна до бројката од 400 погодоци.
До оваа бројка Роналдо стигна пред својот ривал Лионел Меси кој во Ла Лига во дресот на Барселна постигна 389 погодоци.
1st Goal of Ronaldo?? pic.twitter.com/ACyeZ4JtXH
— Cristiano Ronaldo (@G0AT_CR7) October 20, 2018
Cristiano Ronaldo has become the first player to score 400 goals in Europe’s top five leagues ? pic.twitter.com/fOTIjfyHG1
— FOX Soccer (@FOXSoccer) October 20, 2018