Фудбалерите на Нант вечера играат против Сент Етјен во француското првенство, а во центарот на вниманието ќе биде оддавањето почест на Емилијано Сала.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сите луѓе кои се дел од клубот Нант се уште не губат надеж, па преку официјалната страна се оласија дека нема да има минута молчење, а ни аплауз за Сала пред почетокот на мечот.
Вечерва сите играчи ќе носат ист дрес на кој ќе биде напишано името Сала, а под бројот ќе има порака „Animo Emi“ што во превод значи „Храброст“.
Неговиот портрет ќе стои на средината на теренот пред почетокот на мечот и навивачите ќе можат да донесат цвеќе и пораки.
Tous Sala.#FCNASSE | #PlayForSala pic.twitter.com/i2jxMEG3F4
— FC Nantes (@FCNantes) January 30, 2019