Дома Фудбал Англија Во Лестер разочарани, човекот кој требаше да го наследи Канте стана само еден „ЧУН“!

Во Лестер разочарани, човекот кој требаше да го наследи Канте стана само еден „ЧУН“!

Кога Канте го напушташе Лестер овој клуб доведе човек кој требаше да биде негова замена, но тој целосно разочара.

Нигериецот, Вилфред Ндиди минатата зима пристигна од Гент во Лестер бидејќи во редовите на „лисиците“ проценија дека токму тој може да биде наследник на Канте кој премина во Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа се покажа дека младиот фудбалер од средината е далеку од тоа ниво.

Ндиди заблеска само против Ливерпул кога успеа да одземе 11 топки и беше еден од најзаслужните во победата на Лестер од 3:1, навивачите во тој момент се надеваа дека успеале да пронајдат нов одличен фудбалер, но таков настап овој фудбалер повеќе никогаш не повтори.

Педантните Англичани успеаа да пресметаат дека токму Вилфрид Ндиди е фудбалерот кој оваа сезона беше најмногу пати издриблан и тоа дури 20 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…