Дома Трансфер зона Во Лацио пристигна за само 15 милиони евра, сега Мурињо е спремен да го направи еден од најскапите

Во Лацио пристигна за само 15 милиони евра, сега Мурињо е спремен да го направи еден од најскапите

Манчестер Јунајтед мора да го засили средниот ред, доколку сакаат да му парираат на фантастичниот Манчестер Сити.

„Црвените ѓаволи“ се повеќе почнуваат да зависат од присуството на Пол Погба и неговата брза трансформација од одбрана во напад.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поради тоа се добиваше впечаток дека Манчестер Јунајтед целосно се потпира на еден човек, а клуб со такви амбиции не може да се бори на повеќе фронтови ако нема повеќе добри играчи на една позиција.

Тоа значи во тимот мора да има адекватна замена за Пол Погба во случај на одмор или повреда, а тоа би можел да биде фудбалерот на Лацио кој игра во одлична форма оваа сезона, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Сепак, доколку навистина сакаат да го доведат Савиќ ќе им биде потребно огромна сума, со оглед на тоа дека директорот Игли Таре откри дека италијанскиот клуб одбил понуда од 70 милиони евра.

Да потсетиме, Савиќ во Лацио пристигна од Генк за сума од „само“ 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…