Фудбалерите на Барселона ремизираа вчера на свој терен против Гранада во натпревар од петтото коло во Ла Лига.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонскиот клуб уште еднаш ги разочара своите навивачи одигрувајќи лош натпревар, а од пораз се спасија во самиот финиш.




Гранада одлично го започна натпреварот и поведе уште во втората минута кога Дуарте го совлада Тер Штеген за водство од 1:0. Предноста гостите ја чуваа до самиот крај. Барселона дури во финишот успеа да дојде до 1:1 преку Араухо.




После натпреварот на удар на критиките се најде тренерот Роналд Куман, а тој се правдеше дека ова не е Барселона од пред осум години и дека проблеми ќе има.




Но, колкав е хаосот во Барселона покажува измената во 75. минута. Тогаш во игра кај Барселона влезе Пике на местото на Демир, а изненадувачки беше што Пике до крајот на мечот играше како центарфор.

Barcelona played the final 15 minutes with a Luuk de Jong and Gerard Pique striker partnership 🤭 pic.twitter.com/LHND5Wb3lH
— ESPN FC (@ESPNFC) September 20, 2021