Србија и регионот во текот на вчерашниот ден беа потресени од трагедијата која се случи со рушењето на дел од железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, а над 30 се повредени.
Во трагедијата животот го загубил и младиот фудбалер Милош Милосављевиќ (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди неговиот клуб Потисје од Книќанин.
„Со голема тага и болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви со својата девојка го загубија животот во страшната несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да биде заборавени“, објави клубот.
Клубот Потисје се натпреварува во општинската лига на Зрењанин.