Дома Фудбал Во Барселона ќе се стискаат заби до Челзи, а потоа три недели одмор?!

Во Барселона ќе се стискаат заби до Челзи, а потоа три недели одмор?!

Барселона е на добар пат повторно да ја освои двојната круна во Шпнаија како пред две и три години, но навивачите ја сакаат и Лигата на шампионите.

Првата голема мартовска препрека е решена, Атлетико падна на „Камп Ноу“ и Барселона има осум бода предност и полесен распоред до титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, остана и втората, а тоа е Челзи, односно пласманот во четвртфиналето во ЛШ.

Проблемот на Ернесто Валверде е повредата на Иниеста кој е под голем знак прашалник поради проблеми со задната ложа.

Каталонските медиуми пренесуваат денес дека Иниеста ќе игра и преку болната граница, па ќе стисне заби за реваншот, а дека потоа ќе добие одмор до четвртфиналето, секако под услов работите да не се усложнат.

Имено, Барселона во март има уште еден меч, оној со Челзи, следниот викенд одат кај Малага, а по „Плавите“ им пристигнува Атетик Билбао и потоа следува репрезентативната пауза.

Лекарскиот тим се надева дека Иниеста може да игра против Челзи, но потоа мора да одмори и да ги прескокне сите натпревари до април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…