Дома Фудбал Во Барселона бесни на Жерард Пике

Во Барселона бесни на Жерард Пике

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ги искористи четирите дена одмор кои му ги даде клубот за да отпатува во Шангај.

Пике замина во Азија за да реши некои проблеми околу организацијата на тенис турнир за Дејвис Купот следната година.

Дел од големите тениски имиња го подигнаа гласот против новиот формат според кој целиот турнир треба да се одигра во рамките на една недела во ноември.

Шпанските медиуми откриваат дека челните луѓе на Барселона се незадоволни од одлуката Пике да патува толку далеку наместо да се одмори пред важните натпревари. Во Барселона се загрижени од таквото однесуваање и сметаат дека е непрофесионално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јулијан Алварез е минато, Јорганџиите започнаа потрага по нов напаѓач

Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Ма…