Дома Трансфер зона Во Барса се развива уште еден Бускетс и игра на иста позиција, а Јувентус е спремен да го „украде“

Во Барса се развива уште еден Бускетс и игра на иста позиција, а Јувентус е спремен да го „украде“

Изгледа дека наскоро се ќе биде завршено, фудбалерот одбива да потпише договор. Ќе биде слободен, а тука е Јуве да стапи на сцена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговото презиме е навистина познато – Ориол Бускетс! Не, не е во никаков сродство со славниот играч за врска на Барселона, но игра на иста позиција и тешко може да добие шанса покрај шпанскиот репрезентативец.

Токму поради тоа не сака да потпише нов договор и да биде испратен на позајмица, па лесно би можел ова лето да заврши во Италија.

Има понуда од Јувентус. Се работи за 19 годишен фудбалер кој против Мурсија во купот дебитираше за првиот тим, одигра 62 минута, но се повреди во текот на пролетта и ќе биде спремен за неколку месеци.

Во Барса веруваат дека тој има квалитет за првиот тим и веројатно да не беше повредата би бил прекомандуван од Барса „Б“, но сега неговото заминување изгледа како извесно. Јувентус е познат како клуб кој знае да им даде шанса на младите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…