Дома Фудбал Германија Волсфбург отпушти играч поради бизарна лага

Волсфбург отпушти играч поради бизарна лага

Прашање е колку има вистина во неговата приказна…

Германскиот клуб Волфсбург му додели отказ на фудбалерот Кајленд Хиндс бидејќи пропуштил голем број тренинзи, а неговото образложение е дека го изгубил пасошот!?

Овој 20 годишен напаѓач во јули заминал на краток одмор во Англија.

Меѓутоа многу брзо ги известил „волците“ дека го изгубил пасошот и дека поради тоа не може да се врати на тренинзите.

Бидејќи тоа малку се одолговлекувало, германскиот тим го раскинал неговиот договор и тоа на негова штета.

„Не е тајна дека процедурата за нов пасош не трае толку долго“, изјави спортскиот директор на Волфсбург, Марсел Шефер.

Хиндс кариерата ја започна во Арселона, а во 2017 година пристигна во редовите на Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Познати се противниците на Левски во Лига Европа, Серафимов ќе игра против европски гиганти (Фото)

Денеска беше извлечена ждрепката за лигашката фаза во Лига Европа, по која 36-те учесници …