Волфсбург во неделата се пласираше во второто коло од германскиот куп откако после продолженија го победи четвртолигашот Пресен Мунстер со 3:1.
Тимот на Мунстер поведе во 74. минута со голот на Марсело Хофмајер, а во последните моменти Јосип Брекало погоди за 1:1 и го однесе натпреварот во продолженија. Изненадување спречија Вегхорст во 103. минута и Боте Баку во 120.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа поради административна грешка Волфсбург може да биде исфрлен од купот. Тренерот Марк Ван Бомел направи три измени во регуларните 90 и уште три во продолженијата. Според правилата на натпреварувањето последната измена не смееше да се случи.
Судијата Кристијан Дигерт го истакнал тоа во својот извештај, а од тимот на Мунстер спремаат желба.