Дома Фудбал Германија Нико Ковач се враќа во Бундеслигата!

Нико Ковач се враќа во Бундеслигата!

Познатиот хрватски стратег Нико Ковач се наоѓа пред нов ангажман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесуваат германските медиуми 50-годишниот стратег ќе седне на клупата на Волфсбург во новата сезона од Бундеслигата. Волфсбург зад себе има разочарувачка сезона во која завршија како 12-ти во Бундеслигата и одлучено беше да се прекине соработката со тренерот Флоријан Кохфелд.

На негово место како што стојат работите ќе дојде Ковач. Преговорите скоро и да се завршени и за Ковач ова ќе биде враќање во Бундеслигата после две години.

Ќе потсетиме, Нико Ковач во Бундеслигата со многу успех го водеше Ајнтрахт, потоа доби шанса во Баерн каде што не се прослави. Неговиот последен ангажман беше во Монако каде што се задржа година ипол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше д…