Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Влеговме нервозно во натпреварот, позицијата на Алаба за нас можеби беше изненадување“

„Влеговме нервозно во натпреварот, позицијата на Алаба за нас можеби беше изненадување“

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Александар Васоски е дел од нашиот експертски тим за Македонија на Европското првенство, па еве го неговото мислење и гледање на дуелот со Австрија.

За Васоски изненадување била позицијата на Алаба, а посочи и дека можела да се забележи нервозата кај нашите фудбалери во почетните минути од натпреварот.

„Евидентно беше дека влеговме со неровза во натпреварот. Во првите 15-20 минути имавме неколку грешки несвојствени за нашата репрезентација во организација на игра. Кога малку воспоставивме рамноправност примивме гол, за среќа брзо изедначивме на 1:1. Потоа некаде од 65-та до 80-та минута имавме неколку контри и полуконтри во кои требаше подобро да одиграме за да постигнеме втор гол. Ова е Европско првенстов и секоја мала грешка се казнува“

„Австријците по едно наше невнимание постигнаа еден, па уште еден гол. Кога во прашање е тактичката поставеност, Австрија можеби не изненади со таа 3-5-2 формација со Алаба како последен играч во одбраната кој учестувваше во сите акции и даде сигурност. Тој беше клучен за вториот гол кога отиде на неговата повеќе својствена позиција на лево и асистираше за погодокот“.

„Можеше да се забележи дека не притискаа многу и дека не ни даваа фудбалски да ја изнесеме топката. И Адеми и Барди во организација на акциите немаа многу простор, цело време беа со играчи на грб. Во другите сегменети како што кажав имавме контри и полуконтри, тука е и шансата на Боби Николов, во тие моменти можевме подобро“.

„Како и да е глава горе, ова е Европско првенство нема многу што да се жали не чекаат уште два натпревари. Да се опоравивме психички и физички, а потоа да се спремиме и за дуелот со Украина“:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Интер го најде лекот …