Ако продолжи сезоната во ПЛ фудбалерот на Челси, Вилијан вети дека ќе го одработи договорот со клубот до крај.
Меѓутоа, ако не продолжи љубовта помеѓу него и Челси веројатно е завршена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Завршена е приказната со Челси. Сите добро знаат дека договорот ми истекува за неколку месеци и тешко дека ќе биде продолжен. Ми понудија договор на две години, а ја барав минимално на три. И тука целата приказна е завршена, нема повеќе преговори.“ – изјави Вилијан.
Сигурно е дека овој фудбалер нема долго да биде без ангажман. Барселона веќе со години се интересира за Бразилецот и нема да биде чудо и сега да тргне по неговите услуги.
Во играта со сигурност ќе се вклучат и ПСЖ, Јувентус, Интер, додека неофицијално се шпекулира дека за овој фудбалер се заинтересирани и премиерлигашите Арсенал и Тотенхем.
Едно е сигурно, кој и да го потпише овој фудбалер нема да погреши.