Вилијан ја одби понудата на Челзи за нов договор и најверојатно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната како слободен агент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи му понудил двегодишен договор на Бразилецот, но 31-годишниот офанзивец ја одбил и ќе си замине како слободен агент.
Вилијан веќе има понуди од неколку големи европски клубови, но и од клубови во Премиер лигата, па можно е да остане во Англија.
Вилијан претпочита да остане во Челзи, но бара договор најмалку на три години и поради тоа двете страни не можат да најдат заеднички јазик.
Вилијан и оваа сезона е многу важен дел од тимот на Челзи и Лампард во неколку наврати апелираше до раководството да го задржи Бразилецот.