Македонија загуби од селекцијата на Хрватска во првиот натпревар од „балонот“ кој во овие три дена се одржува во Рига.
Она што пред почетокот на турнирот селекторот Владимир Ѓоровиќ и го најавуваше, нашите девојки го реализираа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Делуваа како една селекција која има што да покаже на теренот, особено по двата стартни порази во „И“ квалификациската група за пласман на Евробаскетот 2021
Откако се ослободија од почетниот притисок нашите девојки му парираа на големиот фаворит. Но без подлабока ротација не успеаја да ја стигнат двоцифрената негатива во која влеговме уште во првата четвртина.
Хрватска на крајот запиша победа од 80:62.
Девана Бонер покажа зошто е дел од елитата на WNBA лигата. Остана на теренот 39:05 минути, и притоа реализираше монструозни 20.поени, 17.скокови и 7.асистенции.
Капитенот Митрашиновиќ се врати со 15.поени, 4.скока и 3.асистенции, додека пак Трајчевска запиша 10.поени, 3 скока и една асистенција.
Фото: КФСМ