Немања Видиќ после поразот на Арсенал од Њукасл кажа дека долго време не видел тим кој полошо игра во одбрана.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Тие мора да научат да играат одбрана, тоа е недозволиво.“ – изјави Видиќ.
Арсенал прими 16 погодоци повеќе од седмопласираниот Барнли.
„Ако сакате да се борите за титулата мора да давате голови, но и да примите помалку од 40, а тие примаат 50 во сезона. Уште имаат и добра позиција на табелата, кога погледнете колку пати им била затресена мрежата.“
„Не играш за да гледаш што ќе се случи, Рио, Евра, јас и останатите секогаш зборувавме, кој кого ќе превземе, кој ќе покрива, овде се гледа дека сите чекаат на некој друг.“ – додаде Немања.