Ал Наср го победи Ал Фатех со 5:0 на гости во третото коло од шампионатот на Саудиска Арабија.
Ал Наср поведе во 27. минута со голот на Садио Мане по прекрасната асистенција на Кристијано Роналдо.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Откако ја прими топката од Марсело Брозовиќ на работ од шеснаесетникот, Роналдо мајсторски со пета ја испрати право во нозете на Сенегалецот.
Мане стручно му побегна на стоперот, а потоа со прекрасен удар го погоди спротивниот агол за водство на Ал Наср.
Тоа беше втор гол на Сенегалецот во третиот натпревар за новиот клуб. 12 минути подоцна Роналдо со глава го зголеми водството на својот тим.
Во вториот дел беа постигнати уште три гола, а Роналдо постигна хет-трик.
Головите погледнете ги ТУКА