Дома Фудбал Англија Видео: Шелви го израдува Ливерпул, „граѓаните“ го губат здивот

Видео: Шелви го израдува Ливерпул, „граѓаните“ го губат здивот

Њукасл и Манчестер Сити одиграа исклучително возбудлив меч кој на крајот забврши без победник (2:2).

Сити поведе преку Стерлинг во 22-та минута, но предноста ја задржа само три минути, откако Вилемс ги израдува домашните фанови, а со тој резултат се замина на одмор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сити во второто полувреме имаше иницијатива, создаваше шанси, а во предност дојде дури во завршницата кога Де Брујн со феноменален гол му донесе славје на „граѓаните“.

Меѓутоа, во 88-та минута „детето од Ливерпул“ Џонџо Шелви го израдува својот бившои клуб кога постигна гол за конечни 2:2.

Со ова реми „граѓаните“ полека го губат здивот во трката за титулата, па сега Ливерпул со победа може да замине не високи плус 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…