Хрватска и Данска одиграа возбудлив натпревар, кој заврши без победник после 120 минути, па патникот во четвртфиналето беше одлучен со изведување на пенали.
Најважните моменти на мечот се случија во првите пет минути. Данска уште во првата минта дојде до водство преку Јоргенсен, но само три минути подоцна Манџукиќ го израмни резултатот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме гледавме претпазлива игра од двете страни. Хрватска ја контролираше играта, а Данска имаше неколку спорадични шанси.
Најдобрата шанса на мечот ја имаше Хрватска во 116 минута кога судијата досуди на белата точка, но Шмајхел го одбрани ударот на Модриќ.
Во пенал серијата поуспешна беше Хрватска, а херој беше голманот Субашиќ кој одбрани три пенали.