Манчестер Јунајтед забележа голема победа на гостувањето во Торино, фаворитите без проблем до три бода.
Јувентус и Манчестер Јунајтед одиграа одличен натпревар кој го оправда епитетот дерби. „Бјанонерите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, но на крајот се радуваа „ѓаволите“.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во првото полувреме мрежите мируваа, а резултатот го отвори Роналдо со прекрасен гол во 65-та минута. Јувентус имаше неколку зрели шанси да го зголеми водството, а казната стигна во 86-та минута кога Мата постигна фантастичен гол од слободен удар.
What a goal Juan Mata pic.twitter.com/y4mPh5Bfce
— Tom vdm (@TVDMolen) November 7, 2018
Само четири минути подоцна во 90-та минута, после еден слободен удар настана мешаница во шеснаесетникот и Алекс Сандро ја смести топката во сопствената мрежа за голема победа на Мурињо и дружината.
⚽️ Juventus vs Manchester United | Alex Sandro (OWN GOAL) 90' pic.twitter.com/CPpPKRVUib
— D9INE NEXUS (@D9INE_2019) November 7, 2018
Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид немаа милост и победија со 5:0 против Шахтјор и Плзен, додека Баерн Минхен со два гола ги испрати дома АЕК.
Уште еден возбудлив меч одиграа Лион и Хофенхајм кој заврши без победник 2:2 иако домаќините имаа два гола предност и играч повеќе.