Дома Фудбал Останато Видео од тепачката во тунелот: Лидерите на Фенербахче и Бешикташ во жесток судир!

Видео од тепачката во тунелот: Лидерите на Фенербахче и Бешикташ во жесток судир!

Вчерашното полуфинале во турскиот куп помеѓу Фенербахче се претвори во вистински хаос, а натпреварот мораше да биде прекинат по еден час игра.

На најголемиот инцидент му претходеа неколку помали, а ситуацијата ескалираше кога тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, беше погоден со паричка во главата.

Гунеш веднаш беше пренесен во болница, полицијата реагираше, а фудбалерите на Бешикташ го напуштија теренот.

Под стадионот дојде до судир, каде што како што пишуваат турските медиуми луѓето од таборот на Фенербахче ги нападнале гостите.

Денес се појави и видео од хаосот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија без Кин против Турција, Манчини се потпира на Скамака

Моисе Кин го напушти кампот на Италија поради повреда, а Манчини размислува да го стартува…