Денес со почеток од 18:00 часот беше одиграно вечното градско дерби на Рим помеѓу Рома и Лацио.
Во долго очекуваната пресметка помеѓу градските ривали победата ја однесе тимот на Рома со победа од 2:1. „Волчицата“ беше подобар противник во текот на целиот натпревар иако и Лацио на моменти знаеше да покаже зошто оваа сезона се надева на висок пласман.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
По првите 45 минути резултат беше оној почетниот 0:0. На стартот на вториот дел после само четири минути игра, Пероти носи предност за Рома и тоа со удар од белата точка. Не се чекаше многу и за втор гол во мрежата на Лацио, четири минути подоцна Наинголан погодува за веќе солидна предност.
Лацио имаше свои моменти во вториот дел, а еден таков овој тим искористи во 72 минута. Нов пенал овој пат на спротивната страна, а сигурен реализатор беше фантастичниот Чиро Имобиле.
До крајот резултатот не се менуваше па Рома ги однесе трите важни бода и запиша важна победа во големото градско дерби.