Дома Фудбал (Видео) Минимална победа на ПСЖ против Амиен

(Видео) Минимална победа на ПСЖ против Амиен

Вицешампионот на Франција Париз Сент Жермен славаше минимална победа од 2:0 против Амиен, на стартот од новата сезона во француската Лига 1.

Со головите на Кавани и Пасторе, „светците“ ја забележаа првата победа во новата сезона, а новото засилуваање за парижани, Бразилецот Нејмар не настапи на овој дуел, иако денеска беше претставен на „Паркот на принцовите“.

По еден центаршут на Дани Алвес, Кавани лесно се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на гостите во финишот на првиот дел, а на 10 минути пред крајот на средбата Кавани му асистираше на Пасторе кој ги постави конечните 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…