Дома Фудбал Видео: Кларен Сидорф на дело ја покажа својата големина

Видео: Кларен Сидорф на дело ја покажа својата големина

Легендарниот Холанѓанец излезе пред навивачите вчера кога стана јасно дека Депортиво многу веројатно испаѓа од првата лига во Шпанија…

Со вчерашното реми против Леганес (0:0), Депортиво своите шанси за опстанок ги сведе на миниум. Леванте е првиот тим над опасната зона и има шест бодови повеќе од Депортиво, тоа секако не е недостижна предност во преостанатите четири натпревари, но тимот од „Риазор“ има пеколен распоред.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Навивачите повеќе не се ниту надеваат на опстанок, а по вчерашниот натпревар се собраа пред соблекувалната каде што ги навредуваа управата и играчите.

Единствен кој беше поштеден беше тренерот Кларенс Сидорф. Легендарниот Холанѓанец дури излезе помеѓу навивачите и разговараше со нив, се обидуваше да ги смири.

Навистина голем потег на поранешниот фудбалер на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ја одредил цената на Конате

Раководството на Ливерпул ја одредило цената на Ибрахима Конате, чиј договор со клубот ист…