Дома Фудбал Италија Видео: Интер сигурен, Лацио броеше до шест

Видео: Интер сигурен, Лацио броеше до шест

Фаворитите сигурни во попладневните натпревари од седмото коло во Серија А, најрасположен беше Лацио кој до врв ја наполни мрежата на Сасуоло.

Највозбудливо беше во Торино каде домаќините испуштија два гола предност во самиот финиш против Верона. Тимот на Синиша Минахјловиќ имаше сигурно водство од 2:0 после првото полувреме, но во последните три минути гостите дојдоа до голем бод. Черчи во 89-та погоди за 2:1, а Пацини во 92-та од пенал го израмни резултатот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Нероаѕурите“ не дозволија изненадување на гостувањето кај Беневенто и уште во првото полувреме ја завршија задачата. Херој за Интер беше Брозовиќ кој постигна два гола, а почесниот гол за домаќините го постигна Д’Алесандро во 42-та минута.

Најефикасно беше во Рим каде Лацио со 6:1 го декласира Сасуоло. Гостите први дојдоа во водство преку Берарди кој погоди од белата точка, а во последната минута од првиот дел погоди Луис Алберто за израмнување. Во вторто полувреме следуваше вистинска канонада на домаќините, а голови постигнаја Де Врај, Луис Алберто, два пати Пароло и Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …