Фудбалерите на ПСЖ синоќа ремизираа на гостувањето против Сент Етјен (1:1) во рамките на 32. коло од француската Лига 1.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Парижаните сигурно дека очекуваа нови три бода на гостувањето против Сент Етјен, но на крајот со многу среќа дојдоа до бод. Домаќините поведоа со голот на Кабела во 17. минута, а десет минути подоцна можеа да го удвоат водството.
Кабела ја превзеде одговорноста од белата точка, но неговиот удар го одбрани голманот на Парижаните. Арелоа го послуша Мбапе кој упорно му укажуваше на која страна ќе шутира Кабела.
ПСЖ до бод стигна во втората минута од продолжението кога сите веруваа дека натпреварот е завршен. Тогаш Дебуши со автогол „ги спаси“ Парижаните од третиот пораз сезонава.