Дома Фудбал Лига на шампиони (Видео) „Граѓаните“ убедливи, реми на „Енфилд“, Рамос со „НОЖИЧКИ“ стави точка!

(Видео) „Граѓаните“ убедливи, реми на „Енфилд“, Рамос со „НОЖИЧКИ“ стави точка!

0

Денес на програмата се одиграа осум натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите, на кои стрелците беа прилично расположени.

Еден од натпреварите кои привлекуваше најголемо внимание секако е оној помеѓу Ливерпул и Севиља, кој заврши со нерешен резултат 2:2. Натпреварот не започна добро за „црвените“, Севиља прва дојде до водство и тоа уште во петата минута од средбата кога по асистенцијата од Ескудеро погоди Бен Једер. За изедначување домаќините чекаа до 21 минута кога Роберто Фирмино ја затресе мрежата на Шпанците, а за комплетен пресврт се погрижи Мохамед Салах во 37 минута. Ливерпул имаше и прилика со поголема предност да замине на полувремето, но стрелецот на првиот погодок, Фирмино, не реализираше пенал на неколку минути пред крајот од првиот дел. Во вториот дел Севиља преку Кореа дојде до изедначување.


Тотенхем на домашен терен славеше против Борусија Дортмунд со 3:1. „Петлите“ рано ја најавија победата во овој натпревар Сон Хеунг Мин ја погоди мрежата на „милионерите“ во четвртата минута, изедначи Јармоленко со еден од најубавите голови вечерва во 11 минута, но Хари Кејн само четири минути подоцна го врати водството за Англичаните. За мирен финиш се погрижи истиот играч, Кејн, го совлада Бурки на половина час пред крајот од средбата за конечни 3:1.

Реал Мадрид рутински со 3:0 го совлада кипарски Апоел, „кралевите“ беа апсолутно подобар противник и ја оправдаа улогата на фаворит. Кристиано Роналдо во 12 минута погоди за предност, иако многумина не очекуваа, но клубот од Мадрид на полувреме замина само со минимално водство. Во 51 минута, пенал за домаќините, а сигурен реализатор беше Роналдо кој го постигна својот втор гол натпреварот, а точка стави Рамос во 61 минута од средбата.

Порто беше изненаден на домашен терен од турски Бешикташ, гостите запишаа победа од 1:3. Изненадувањето го најави Талиска кој стрелаше во 13 минута. Сепак, Порто после катастрофалната реакција на Душко Тошиќ кој со глава ја погоди сопствената мрежа дојде до изедначување. Но, само осум минути подоцна, следуваше вистинска бомба од дваесетина метри на Ценк Тосун, па Турците повторно имаа водство. Конечните 1:3 ги постави ветеранот Рајан Бабел во финишот од средбата.


Дебитантот во Лигата на Шампионите, Германски Лајпциг може да биде сосема задоволен од ремито против Монако 1:1. Овие два тима одиграа изедначен натпревар, па ремито е и реален резултат. Стрелци на погодоците беа Форсберг за домаќините и Јури Тилеманс за гостите од Франција.

Манчестер Сити беше убедлив на гостувањето против Фејенорд и запиша победа од 0:4. Стоунс ја отвори серијата во четвртата минута, продолжи Агуеро во десетата, а Габриел Хесус се погрижи за убедливи 0:3 на полувремето. Конечните 0:4 ги постави дефанзивецот Стоунс со својот втор гол натпреварот во 63 минута од средбата.

Наполи беше единствената надеж на Италијанците дека ќе имаат победник после првото коло од групната фаза во најелитното европско натпреварување, сепак Шахтјор им ги расипа плановите и запиша победа од 2:1. Таисон се погрижи за домаќините да заминат со предност на полувремето со својот гол во 15 минутата, на нешто повеќе од половина час до крајот, Ферејра погоди за 2:0.  Милик од пенал донесе неизвесност во финишот, но сепак клубот од Неапол на крајот си замина со празни раце.

Марибор и Спартак Москва одиграа реми 1:1. Први до водство стигнаа гостите од Русија со голот на Семедов, а изедначи Месановиќ на пет минути пред крајот на средбата.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јунајтед изгуби, Ибра го запиша своето име во историјата – Ова не му успеало на никој!

Шведскиот интернационалец во последните 15 минути од натпреварот во Лигата на шампионите п…